Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова има нова љубов. Таа својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, а е во врска со богатиот Британец Александер Гилкс, кој, меѓу другото, е близок со кралското семејство.

Тенисерката и бизнисменот првпат се видени заедно на почетокот од оваа година, но Шарапова не сакаше и сѐ уште не сака да ги коментира гласините. Сепак нивните следачи на социјалните мрежи се повеќе забележуваат дека тие редовно објавуваат фотографии и се означуваат на исти места во исто време.

Британецот инаку живее и работи во Њујорк. Тој е сопственик на уметничка галерија во Менхетн, каде и ја запознал Шарапова.
Беше и гостин на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари во мај.