Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна. Во перидот кој е зад неа младата пејачката беше  посветена на студиите и факултетот на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на сопствената музика, туку и во совладувањето на знаењата, зашто Марија беше прогласена за најдобар студент меѓу бруцошите во прва година.

Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стенд бај“, но не и креативноста, па така Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“.

Со искусната екипа познати македонски фолк и поп ѕвезди патува и низ градовите во Македонија , каде музичкиот караван има серија свои концерти на плоштадите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Но, својата лична авторска креативност младата пејачка ведета ја вткајала во својата најнова песна насловена „Забрането“. Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која, што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?

Песната  неслучајно беше објавена вчера, недела, 05 октомври, токму на  роденденот на Марија Спасовска,  која  на својот YouTube  канал премиерно ја емитуваше песната која заедно со видеото беше пуштена во Интернет етерот,  каде е достапна на сите стриминг платформи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов – Ивајо.

За песната е снимен како што рековме и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ.

Проследете го видеото на Марија Спасовска во  продолжение за да дознаете зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Фото и видео: Инстаграм/You Tube/marija.spasovska