Марјан ЃОРЧЕВ
ЗА ПОЛИТИКАТА
Политиката во најширока смисла на зборот е општествена активност со којашто луѓето ги создаваат ,одржуваат и менуваат правилата по коишто живеат.Отука,политиката е несомнено јавна дејност.Комплексноста на материјата што е предмет на политиката имплицитно налага предзнаења и од природните и од општествените науки.
ЗА ПРОФЕСИЈАТА ПОЛИТИЧАР
Од аспект на човечките индивидуи вклучени во политичкиот живот,политиката пред се е мисловен процес. Дијалектички или метафизички?! Поимање на човекот во секој од нас,како разбирање за самиот себе или како разбирање за другите луѓе со коишто споделуваме иста идеја,исти вредности,иста одговорност. Истовремено,политиката е и легитимирање на нашата совест. Тоа означува колку нашето битие има склоност за почит кон демократските начела,или ги преферира авторираните методи на политичката мисла и акција!! Всушност,во основата на секој којшто е дел од политичката фела е човештината.
Најголем противник на секој политичар е преголемата суета. Нема ништо пострашно за политичкиот процес,да не се знае судбинската детерминираност на нештата. Да се натцени својата улога како политички лидер,во ковачницата на човечката среќа или несреќа,во моментот кога човекот-политичар ја има шансата да биде на чело на политичка партија, на
чело на државна или пак меѓународна институција и замислува некоја своја месијанска улога. Политичарот е сепак само ковачот,којшто со секој удар на чеканот ја оцртува силината на челикот. А челикот е народот. Креацијата не е во силината на ударот со чекан. Креацијата е во разумското прифаќање на народот на сите искушенија,предизвици,можности и решенија,но и во народната издржливост да ги истрпи сите успеси и промашувања на политичкиот лидер. За тоа е потребна сплотеност,доверба и взаемна почит. Синергијата со народот не се постигнува со помош на маркетинг агенции,секојдневни мерења на поединечниот и партиски рејтинг,ниту пак со вешти ПР стратегии.За жал,Македонските политичари тука ги правеа најголемите грешки при практикување на партиската или државната власт.
ЗА ПАРТИСКИТЕ НАЧЕЛА НА ВМРО-ДПМНЕ ОНАКА КАКО ШТО ЈАС ГИ РАЗБИРАМ
Да се биде член на ВМРО-ДПМНЕ е заедничко дело на крупни временски збиднувања во даден простор и време и потреба којашто неможе едноставна да се објасни. Таинствен след на необјаснети општествени пројави и човечки судбини. Да се воспеваат или распнуваат луѓето од Партијата коишто биле на партиска функција во опозиција или при практикување на власт е сизифова работа?! Факт е дека вистината и правдата во четирите симболични букви,втемелени во битието на секој Македонец,се издигнуваат над исте одделни човекови заслуги или промашувања.
Јас мојата политичка активност во ВМРО-ДПМНЕ не ја започнав со аурата на основач на Партијата,ниту како еден од првоначалните партиски раководители. Едноставно,во Месниот комитет Мичурин се боревме на првите парламентарни избори 1990 година да го избереме во Македонското Собрание нашиот кандидат Д-р.Никола Бундовски,соработник и пријател со мојот покоен татко.За жал,не успеавме. Бевме сложна дружина-јас,Трајко Божинов,Ѕвонко Jакимовски,Благоја Наутлиев,Марко-Ѓуро,Мојсовски,Блаже Димулков…Повеќето од нив не се повеќе со нас. Никој тогаш не размислуваше кој и што ќе биде во Партијата?!
Во тоа време,да се биде на функција-Претседател на Општински Комитет Кисела Вода беше голема работа,а посветеноста и довербата кон првите тројца претседатели-Илија Темелковски, Никола јовановски и Љупчо Трајчев (редоследно наброени) претпоставуваше подготвеност веднаш да се откажеш од функцијата ,на ист начин како што се жртвува материјално добро да ја спасиш својата душа. Тоа значеше сам себе да си потпишеш помилување за сите сторени грешки во работата.А никој не е безгрешен!! Безграничниот хоризонт на Делчевата траекторија не водеше кон општи човечки добра,кон општи идеи за човечноста. Независно кој,што и каде работеше и на какво работно место беше,имавме верба во сопартијците,верба во човекот до нас и со скриена добрина го чекоревме Македонскиот простор.
ОХРИДСКИОТ КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ
Тогаш се случи Охрид. Дванаесетиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.Се подели Партијата на стари и млади. Се поделивме на портокалови и црвеноцрни. На непотребни кадри од старото време и експертите во новото партиско раководство,прибрани од сите партии во Македонија?! Сето тоа се правеше со медиумско шоу,со огласи по новини за избор на партиски
раководители?! Не беше веќе важна партиската лојалност. Важно беше колку луѓе од други партии ќе ни пристапат. Притоа,под наметката на прагмата и желбата за успех по секоја цена,како страшило се надвиснуваа првите никулци на непотизам,елитизам и клиентилизам!! Партијата за период од две години беше целосно приватизирана. Следеа исклучувања,анатемисувања,озборувања и разни методи на човечка дискриминација на сите нивоа-лична,семејна,на цели партиски групи.Тоа беше “катарза за прочистување” на партиските редови.
Јас не би бил тоа што сум,а да не ги споменам добрите страни од избраната партиска стратегија.Авторитарната рака на новото партиско раководство,раководено со палката на Никола Груевски постигна извонредни економски резултати,го отпочна процесот на годишните извештаи на Европската Комисија од 2008-ма година за напредокот на Македонија на Европскиот пат.Се случи визната либерализација во 2009-та година и се отпочна дијалог на високо ниво ао ЕУ во 2012 година…Пред вистината и боговите молчат!!
Имав можност да соработувам со двајцата претседатели на ВМРОДПМНЕ-Љубчо Георгиевски и Никола Груевски. Се гордеам што во позни години од мојот живот соработувам со третиот претседател Христијан Мицкоски. За мене тоа претставува континуитет на мојата тридецениска работа во ВМРО-ДПМНЕ Ингениозноста на Георгиевски му ја признаваат и неговите најлути непријатели. Работливоста и неуморната енергија на Груевски станаа еталон за професионална посветеност!! Тоа беа нивните добри страни. Јас немав проблеми со хиерахиската поставеност и почитување на партиските одлуки. Бев одраснат и воспитуван во едно
КАКО СОРАБОТУВАВ СО ПОРАНЕШНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ
Меѓутоа,клиентилистичките струи полека почнаа да го разјадуваат институционалниот државен систем. Ерозијата на Македонската држава беше неминовна и проследена со етнизација и партизација во сите пори на општеството.контрола на медиумите,стекнување огромен имот од страна на државни функционери во приватна сопственост…. Странците и шарените револуционери подоцна измислија нова синтагма за тоа-“заробена држава”?!
Време,кога почитта кон раководителите и беспрекорноста во извршување на зададените задачи, беше аксиом за успешност во било која професија,вклучително и во политиката. Проблем беше непринципиелноста и различните стандарди. Аршинот не беше ист за сите. Да бидам искрен и невозможмо е да биде ист. Заблудата дека сите сме еднакви,важи само пред Бога и еднкавост на животот со смртта!!
Во секој случај,не барав никакви привилегии,ниту барав некаков посебен статус,како за мене,така и за членовите на моето семејство. Тоа што сум бил назначуван на одделни државнички функции не било никогаш по мое барање. Груевски сам решавал и по обавен разговор со мене,се определувал дали своето решение за мое ангажирање на одделна функција е правилно решение или не е!! Отука,алузијата дека некој мене ми подал рака е апсолутно погрешна констатација. Рацете биле подадени од двете страни. Јас сум го ценел односот на Никола кон мене,во насока на искажаната доверба и сум се трудел да ги оправдам очекувањата во извршувањето на одделна службена должност. Ништо повеќе и ништо помалку. Истото го правам и денес!!
Дипломатски гаф (или тоа беше смислено од негова страна за моја контрола??) со дозволување Методија Белевски да биде именуван за заменик шеф на мисија во Софија (место коешто не постои во систематизацијата на МНР). Токму тој Белевски контактираше со Заев и Димитров,тој работеше без мои инструкции, а на моето писмено укажување до министрите Попооски и Димитров за непринципелната хиерархиска поставеност на Македонското ДКП во Бугарија, не добив никогаш одговор.
Доказ за мојата работа во Р.Бугарија се моите дипломатски извештаи за штетноста на Договорот за пријателство со Р.Бугарија и мојата изолација од преговорниот процес од страна на Димитров. Но,повеќе за мојата работа во Бугарија говорат луѓето од ОМО Илинден-Пирин и уредникот на Македонскиот весник Народна Воља од Благовград (починатиот Георги Меѓутоа,крајно тенденциозно и злонамерно е тврдењето дека јас претставувајќи ја Македонската држава во Р.Бугарија сум отстапил од дипломатските стандарди и правила на однесување,во услови на кохабитација на Премиерот Заев и Претседателот Иванов. Моите акредитивни писма беа потпишани од Иванов и јас бев претставник на
претседателот на Македонската држава во Софија. За волја на вистината, министерот за надворешни работи Никола Попоски направи Христов).
Исто како што за мојата долгогодишна грижа за Македонското малцинство во Бугарија говори споменикот на Гоце Делчев во О. Ново Делчево (блиску до Петрич). Со моја лична подршка во 1992 година се изгради плоштад на историското ВМРО и се излеа биста на главата на Гоце Делчев. За работата на секој од нас говорат писмените документи,живите сведоци и направените дела. А како финален доказ како се однесуваа премиерот Заев и министерот Димитров кон мене (крајно непрофесионално и непринципеилно), по завршувањето на мандатот и враќањето во земјатаме пратија во петнаесетдневен карантин во Гевгелија??,иако на граница уредно приложив негативен Ковид ПСР тест од Бугарска државна институција?!
ЗАКЛУЧОК
Мојот личен став е дека клучно за Македонската политика е конечно објавување на имотната состојба на сите државни функционери. Во прашање е категоријата сопственост. Сопственоста е манифестација на производниот однос. Во капиталистичката општествено-економска формација, сопственичкиот однос е дефиниран како право на приватно присвојување на предметите. Сопственичката содржина на нашите животи се толкува уште како “имотна состојба”. Колку вредноста на имотната состојба е поголема,толку задоволувањето на потребите е на повисоко ниво.
Наравоучението е јасно!! Политичарите можат да го трошат само тоа што законски го заработиле-како плата за време на својот мандат. Се друго е обвиено со велот на сомнежот за корупција. Колку ќе бидеме поуспешни во борбата со корупцијата,толку државата ќе биде побогата,а и народот ќе биде помалку сиромашен. Ќе престанат и озборувањата и шепотењето кој колку украл,а и странците ќе немаат материјал да не прогласуваат за шампиони по корупција. Во спротивно и најпостојаната белина,при допир со секојдневна црна боја во медиумите и социјалните мрежи ќе стане црна. Тоа значи дека ќе живееме во темница,во мрак!! Впрочем,ако така милуваме,така нека биде. Тогаш,џабе ќе ни бидат демократските исчекори и реформите со коишто го моделираме нашиот морал,нашата совест,нашите нови навики,а се здобиваме и со право да се определиме за трет пол?! Морбидно!!
Затоа Никола,со целосно разбирање за твојата положба во Будимпешта и неоправданоста на одделни законски постапки кон тебе,за мене е логично како поранешен претседател на Партијата и екс-премиер, да дадеш силна подршка на актуелното Партиско раководство и на претседателот Христијан Мицкоски во борбата за спречување на донесување на уставните измени,со коишто дополнително ќе се проблематизира тешката идентитетска состојба на Македонија и Македонците,за којашто сум убеден дека си длабоко свесен!