Сопственикот на Мета Марк Закерберг тренира со шампионите на УФЦ, Израел Адесанја и Александар Волкановски пред неговата борба со Илон Маск.


Инаку Волкановски е Австралијанец со македонско потекло, кој пред неколку денови по петти пат ја одбрани шампионската титула во лесна категорија во УФЦ.

Претходно и Илон Муск објави дека почнал да тренира за пресметката со Марк Закерберг.

Лекс Фридман, компјутерски научник и подкастер со црн појас, му помага на човекот во обуката. Лекс на Твитер објави фотографии од тренингот и го пофали Маск.