Барселона може да се раздели со 14 играчи во летниот преоден рок поради тешката финансиска состојба, тврди „Марка“.

Голманот Нето, дефанзивците Самуел Умтити и Жуниор Фирпо, играчите од средниот ред Филип Кутињо, Миралем Пјаниќ и Матеус Фернандез, напаѓачот Мартин Брајтвејт и уште неколкумина може да го напуштат тимот.

Претходно беше објавено за можно заминување на напаѓачот Антоан Гризман.

Како што е забележано во шпанскиот весник, продажбата на некои играчи ќе помогне значително да се намалат трошоците на клубот.

Сепак, се зборува и за нови играчи. Потенцијални засилувања за каталонскиот тим се дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија, играчот за врска на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, напаѓачот на Лион, Мемфис Депај и напаѓачот на Сити, Серхио Агуеро.

Барселона е на третото место во поредокот на две кола пред крајот на шпанската Ла Лига и е само со теоретски шанси за освојување на шампионскиот трофеј.