Раководството на Реал Мадрид сака тимот да продолжи со тренинзите, според „Марка“.
Сезоната на Шпанија беше скратена поради пандемијатата од коронавирус, а земјата се уште е во вонредна состојба. Според изданието, сепак, клубот ја истражува можноста за обновување на своите активности.
Сите во Реал Мадрид беа ставени во карантин на 12 март поради позитивниот тест од кошаркарот Треј Томпкинс. Карантинот истече на 27 март.
Шефот на медицинскиот персонал на Кралскиот клуб, Нико Михиќ, подготвува протокол за безбедност, кој играчите ќе треба да го следат по решението за продолжување на тренинзите.
Мерките ќе бидат прилагодени на ситуацијата во Мадрид, бидејќи бројот на заболени од КОВИД-19 во главниот град останува голем.
Досега, само Реал Сосиедад води активна подготовка.