Владините ваучери направија огромни гужви пред банките во Прилеп денеска, објавува прилепскиот портал Маркукуле.
На мал простор огромни редици на граѓани чекаа да дојдат до банкарските шалтери за да подигнат ваучер во текот на целиот ден.
Денеска во посета на Прилеп беа и техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
На само 1 километар од нив, ваква беше сликата во центарот на градот:
Министрите заедно со градоначалникот Илија Јованоски истакнаа дека за пофалба е тоа што Прилеп успеал да го избегне така наречениот втор бран на кopoнавиpycoт.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека властите требаше да изнајдат поинаков начин на достава на ваучерите. На ваков начин не се почитуваат препораките кои Владата самата ги носи и постои опасност од ново ширење на вирусот во Прилеп.