Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.
Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.
Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени. (МИА)