Во мароканското место Фнидек, на границата со шпанската енкллава Суета, се собраа илјадници мигранти, а неколку стотици од нив се судрија со мароканската полиција, јавуваат британските медиуми.
Во текот на попладневните часови стотици млади мигранти се обидоа да се приближат до граничната ограда висока шест метри, по што мароканската полиција се обиде да ги растера.
Некои влегоа во водата и почнаа да пливаат кон плажата во Сеута, оддалечена неколку стотици метри.
Шпанија во послендите два дена протера околу две третини од вкупно 8.000 мигранти кои илегално влегоа во Сеута.