Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез е разочаран по поразот од Борусија Дортмунд во мечот од 4. коло од Лигата на шампионите.
Интер загуби со 3:2, иако на полувреме водеше со 2:0.
– Игравме многу добро во првото полувреме. Многу сум тажен, затоа што во второто полувреме делувавме многу полошо. Требаше да ја задржиме концентрацијата и да се игра попаметно. Не смеевме да изгуби при водство на полувреме со 2:0, изјави Мартинез.
Знаеме дека ќе ја поминеме групата ако ги победиме двата преостанати натпревари. Ќе дадеме се од себе за да избориме учество во плеј-офот, додаде фудбалерот на Интер.