Новите санкции против Русија треба да бидат насочени кон вистинските луѓе, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, додавајќи дека прекинот на гасоводот „Северен поток 2“ само ќе ја турка Русија поблиску до Кина.
– Оние што го доведуваат во прашање Северен тек 2, исто така, мора да размислат, барем геостратешки, какви ќе бидат последиците и што ќе значи тоа за влијанието на Европа врз Русија, нагласи Мас пред германските пратеници.
– Мора да биде апсолутно јасно каде ќе доведе тоа во геостратешка смисла: ќе ги приближи Русија и Кина, додаде тој.