Се уште нема готов предлог во однос на реформата на методологијата на преговори. За нас е значајно што со предлозите со кои се менува пристапниот процес не се менува нешто клучно, а тоа се однесува и на Македонија и на Албанија. Дисусијата за тоа треба да ја водат сите 28 земји членки, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Мас појасни дека стартешко прашање за ЕУ е како ќе се развива понатаму тој процес на интеграција во ЕУ и дали сакаат да се продлабочи, а тоа ќе даде одговор и на прашањето какви ќе бидат приустапните процеси во иднина, нагласувајќи дека земјава и Албанија веќе се влезени длабоко во процесот и заслужуваат одлука за преговори.

– Она што било досега во постапките во однос на Македонија дали ќе биде доволно и дали Македонија би морала да подлежи на нови проверки, нашиот став не е дека тоа е правилно, туку би сакале да имаме една завршна одлука за пристапните преговори со Македонија и сме подготвени за реформите за пристапниот процес како таков да зборуваме. Тоа ќе биде дискусија која нема да се води меѓу Франција и Германија, туку ќе ја водат сите земји членки на ЕУ. Но, не сакаме тоа да биде услов за отварање на пристапните преговори, туку веруваме дека постапката за Македонија е толку напредна што сега веќе би можеле да донесеме конечна одлука за започнување на пристапни преговори, рече Мас запрашан дали реформираната методологија би била доволна за земјата да ги почне пристапните преговори.

Димитров пак наброја три силни аргументи поради кои земјата заслужи да го започне пристапниот процес и посочи на долгото чекање, на тоа дека 14 години сме со кандидатски статус, како и на решавањето на долгогодишниот спор за името.