Северна Македонија ќе го најде својот пат кон Европската унија преку соработка и компромис, преку демократија и владеење на правото, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Северна Македонија е дел од Европа. Ќе продолжам да работам кон преговорите за пристапување кон ЕУ. Мора да ги почитуваме достигнувањата Северна Македонија ќе го најде својот пат во преку соработка и компромис, преку демократија и владење на правото, објави германското МНР на твитер по средбата на Мас со Димитров.
На средбата разговарале околу надежите на нашата земја да почне пристапни преговори.
Ставот на германскиот министер е позитивен и најави дека ќе се залага за почеток на преговорите.
– Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија. Она што беше сторено во реформскиот процес е забележително. Предусловите за почеток на преговорите се исполнети и затоа се залагаме за нивно започнување – како во Бундестагот, така и кај нашите партнери во ЕУ, рече Мас.
Министерот Димитров, на заедничката прес-конференција, изрази благодарност за поддршката од германскиот колега.
– Како нација одлучувме да продолжиме напред. Да изградиме функционална демократија во срцето на Балканот, во нашата земја Северна Македонија. Ова е препознаено во извештајот на Европската комисија и одлуката на Советот беше одложена за октомври. Влогот е голем, за земјата, за регионот и за ЕУ. Пораките испратени до нас, исто така се однесуваат и на регионот. Дали вреди решавањето големи и тешки прашања и дали вреди инвестирањето во реформи, изјави Димитров.
Германскиот парламент во јуни годинава требаше да расправа за извештакот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија и Албаниај и ја одложи за септември-октомври.