Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа, а тројца се ранети во напад со нож во Квинс, Њујорк, јавуваат медиумите.
Полицијата утринава по локално време добила повик, а кога пристигнала во домот на една од жртвите бил во пламен.
Осомничениот за убиството нападнал и полицајци и со нож повредил двајца од нив пред да биде застрелан.
Напаѓачот итно бил пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.
Полицијата потврди дека повикот дошол утринава околу 5 часот по локално време, а млада жена рекла дека нејзината братучед го убил целото семејство.
Кога патролата пристигнала на местото на настанот, виделе маж како излегува од куќата со торба во рацете.
Во моментот кога му пришле и разговарале со него, тој извадил нож и му нанел убодна рана на еден полицаец во вратот и градите, а на друг во главата.
Еден од полицајците успеал да извади пиштол и да пука во осомничениот.