Пукањето се случило доцна синоќа, а полицијата се уште трага по осомничениот. Станувало збор за вооружен Мексиканец кој е во бегство и кој бил под дејство на алкохол. Канцеларијата на шерифот на округот Сан Џасинто околу полноќ добила пријава за семејно насилство во дом во Кливленд, а кога полицајците пристигнале, нашле пет жртви со прострелни рани.
Полицијата не го открива идентитетот на жртвите ниту нивната врска со осомничениот, но потврди дека се од Хондурас.
Четири лица се пронајдени мртви на местото на злосторството, а петтото лице починало на пат кон болница. Најмладиот убиен е осумгодишно дете. Под телата на двете женски жртви биле пронајдени две преживеани деца.