Епизода од рускиот цртан филм „Маша и медо“ под наслов „Маша и каша“ влезе во Гинисовата кника на рекорди како најгледан анимиран филм на Јутјуб, соопшти компанијата „Анимакорд“.
Епизодата е гледана повеќе од 3,3 милијарди пати и така стана единствено анимирано видео во светот кое се наоѓа помеѓу петте најпрегледувани содржини на Јутјуб кога било, додаваат од компанијата која го продуцира серијалот.
Во јануари годинава се навршија десет години од емитувањето на првата епизода од рускиот цртан филм, кој ги освои децата но и возрасните ширум светот.
Премиера на нова епизода под наслов „Животот е театар“ е најавена за 25 јануари. Вкупната гледаност на рускиот серијал преведен на 36 јазици, надмина 42 милијарди.