Основачот на „СпејсЕкс“ и Тесла, Илон Маск, испрати покана за разговор до рускиот претседател Владимир Путин што би се водел во апликацијата Clubhouse, која служи за аудио пораки и онлајн конференции.
Поканата до Путин тој ја испрати синоќа во соопштение на Твитер со зборовите „дали би сакале да ми се придружите на разговор“.
-Ќе ми биде голема чест да поразговарам со вас, напиша тој на руски јазик, со ставање на англојазичниот назив на Твитер налогот на Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска искоментира дека поканата на Маск тие ја разгледуваат.
-Путин не користи социјални мрежи и не е во нив. Предлогот е интересен, но сакаме да дознаеме што всушност се предлага, изјави тој.
Маск на Твитер понекогаш се обраќа на руски. Неодамна тој го оцени високо делото на советскиот ракетен инженер Сергеј Королев, кој, според него бил „величенствен“.