Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му понуди на американскиот мултимилијардер работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори во ноември.
Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно на прашањето за време на интервјуто за „Ројтерс“ дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му даде функција во кабинетот.
„Тој е многу паметен човек. Сигурно би му ја дал работата, ако ја прифати. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп, пренесе „Политико“.
I am willing to serve pic.twitter.com/BJhGbcA2e0
— Elon Musk (@elonmusk) August 20, 2024
Неколку часа подоцна Маск објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција на социјалните мрежи, на која стои на подиумот со американски знамиња зад него, со натпис „Подготвен сум да служам“.
Маск, кој застапува сѐ поконзервативни ставови во последните месеци, официјално го поддржа Трамп минатиот месец и го интервјуира на „Икс“ минатата недела.