Технолошкиот милијардер Илон Маск ќе ја посети Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за да разговара за ефикасноста на владата, соопшти американската агенција. Портпаролот на ЦИА во изјавата рече дека Маск бил поканет од директорот на агенцијата Џон Ретклиф „да се сретне со него во агенцијата за да разговараат за ефикасноста на владата“.

Претходно оваа недела, технолошкиот милијардер изјави на Фокс њуз дека е претпазлив и загрижен кога станува збор за реформите на федералната влада.

“Се согласувам дека всушност сакаме да бидеме претпазливи во нашите кратења. Значи, сакаме да мериме двапати, ако не и три пати, и да пресечеме еднаш. И тоа е всушност нашиот пристап. Можеби ќе го опишат како рефлекс, но тоа е сè друго освен, што не значи дека… ние не грешиме”, рече Маск.

Во средината на март, Маск ја посети Агенцијата за национална безбедност (НСА), откако претходно побара нејзина реформа, пренесува Танјуг.

Во првите неколку месеци од вториот мандат на претседателот Трамп, Маск и Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, се обидоа да се пробијат низ федералната влада, нудејќи отпремнини и масовно отпуштајќи работници.

Сепак, се чини дека потезите на Маск и DOGE не наидоа на најтопол прием кај гласачите, според неодамнешната анкета. На прашањето за начинот на кој Елон Маск и DOGE ги третираат вработените во федералната влада, 60 отсто од испитаниците од Универзитетот Квинипиак рекоа дека не го поддржуваат тоа.