Американската влада платила милиони долари на новинската агенција Ројтерс за програма наречена “large-scale social deception”, што во превод значи „општествена измама од големи размери“, објави денеска Илон Маск на социјалната мрежа Х.
Тоа е всушност проект започнат за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп и се однесува на фирма која работи одвоено од новинската агенција.
Американската влада ја ангажираше компанијата „Thomson Reuters Special Services“ (TRSS), која соработува со владите и разузнавачките агенции на проекти поврзани со анализа на податоци, сајбер безбедност, проценка на ризик, обука и слично. Сопственик на ТРСС е корпорацијата „Томсон Ројтерс корпорејшн“, истата корпорација која ја поседува новинската агенција Ројтерс.