Сопственикот на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, Илон Маск објави на Твитер дека е очигледно оти вонземјаните ги граделе пирамидите во Египет.
На неговиот твит реагираше египетската министерка за меѓународна соработка Ранија ал Машат, која изјави дека доказ за тоа дека пирамидите не се дело на вонземјани се откриените гробници на фараоните.
Таа го покани Маск да го посети Египет.