Масовни демонстрации се одвиваат во повеќе градови во Израел, јавува Тајмс оф Израел.
Причината е затоа што демонстрантите бараат да се ослободат околу 240 заложници кои ги држи Хамас и други групи на подрачјето на Газа од 7 октомври. Главните демонстрации се во Тел Авив и учествуваат илјадници граѓани. Други собири се случуваат во Ерусалим, Биршеба, Јокнеан, Кфар Саба и многу други места.