Стотици десничарски демонстранти се собраа во Магдебург.

Сликите од новинската агенција Асошиетед прес покажуваат голем собир на луѓе, а во толпата се сликани германски знамиња.


Во моментов во градската катедрала се одржува комеморација во знак на сеќавање на убиените во вчерашниот напад.

Пет лица, меѓу кои и 9-годишно дете, загинаа откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург.

Во нападот беа повредени повеќе од 200 луѓе, од кои 40 се во критична состојба.

Полицијата уапсила 50-годишен лекар од Саудиска Арабија за кој верува дека е одговорен за нападот.

Канцеларот Олаф Шолц го опиша смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен, луд чин“.