Само во текот на вчерашниот ден, кога од Владата се испофалија со мерките со кои ги враќаат парите кај граѓаните, од Делчево заминаа 12 полни автобуси со кои жители од Источна Македонија си ја бараат среќата надвор од границите на татковината.
Како што пишува Инфомакс во текот на вчерашниот ден нивната екипа во Делчево снимила анкета со граѓаните на импровизирана автобуска станица.
Делчево денеска има околу 1.000 жители помалку отколку пред само еден ден, пишува порталот.
На импровизираната автобуска можеше да се забележат мажи кои ги испраќаат своите сопруги, жени кои ги испраќаат своите мажи, но и родители кои ги испраќаат своите деца.
– Одам во Италија на рмбање, во Делчево нема работа, нема живот, невработен сум, а имам две деца на факултет. Партиски вработуваат и нема работа. Власта не те гледа ако не си близок до него, вели граѓанин кој решил среќата да си ја побара во Италија.
Друг гневен граѓанин изјавува:
– Дванаесет атвобуси денеска ќе одат. По 60 луѓе и два автобуси со по 90 луѓе. Оваа компанија и плус две има, нека пресметаат колку луѓе си заминуваат. На господинот Зоран Заев кажете му сите бегаат, зашто нема пари, зашто ги крадат парите. Каков живот!? Има за нив живот, само за криминалците, вели гневниот делчевчанец.