Во Германија денеска се одржуваат церемонии по повод Денот на германското единство, кој се одбележува од 1990 година.

Претходно беше соопштено дека од октомври годинава до октомври 2020 година е објавена таканаречена годишнина на германското единство и е создадена владина комисија која ќе ја организира годишнината. Таа опфаќа неколку големи датуми – на 9 ноември во Берлин и цела Германија ќе се одржат манифестации посветени на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, на 3 октомври 2020 година ќе се одбележат 30 години од германското единство.

По повод одбележувањето на 30-годишнината од обединувањето на Германија, поранешниот премиер на источногерманската држава Бранденбург и поранешен претседател на Социјалдемократската партија на Германија Матиас Платцек изјави дека без учество на СССР и Русија, обединување на Германија не би било возможно.

– Без тогашната советска Влада германското единство би било невозможно – тоа е историски, се уште неоспорен факт. Да не заборавиме дека тогашниот премиер на Велика Британија Маргарет Тачер и францускиот претседател Франсоа Митеран јасно изјавија дека е подобро да бидат две Германии, отколку една. Тоа беше поврзано со историски и економски проблеми, како и со прашањето за лидерството во Европа, а советскиот лидер Михаил Горбачов и претседателот на САД Џордж Буш го направија возможен патот кон европско единство, изјави Платцек.

Тој додаде дека Горбачов „направил многу за сето тоа, дал голема поддршка и презел личен ризик“.

– Не смееме да заборавиме дека еден од предусловите за успех на обединувањето на Германија и Европа беше одлуката на руската Влада да повлече половина милион војници и државни службеници од Источна Германија, како и од други источноевропски земји. Оваа голема воена операција во мирно време е едно од достигнувања кои, според мене, во контекстот на 30-годишнината, добива премалку почести во големата политика, за што навистина жалам, додаде Плацек.