Дали пациентите треба да ги лекуваме со баење или со лекарства. Треба ли да броиме по колку апчиња даваме на пациентите – прашуваат матичните лекари, гневни откако викендов од Фонот за здравство добиле мејл со известување дека го пречекориле препишување на лекарства и дека за истото им следува санкција, објавува ТВ АЛФА.
-Ниту еден доктор не дава лекови за колачи. Ние лекуваме луѓе, зборуваме за спасување на човечки животи и тоа е многу сериозна тема и молиме институциите многу сериозно да го сфатат ова и под итно да си свикаат состанок. Што треба да не ги лекуваме луѓето? Да не им даваме лекови? Да баеме? Ниту јас ниту некој мој колега нема да даде пеницилин ако на пациентт не му е потребен. На никого нема да дадеме лек за притисок ако тој нема притисок, вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова.
Со измените кои беа направени, матичните лекари добија можност да препишуваат лекарства кои се на ниво на специјалист, се со цел тие да бидат подостапни за пациентите, бидејќи има недостаток на специјалисти низ градовите.
Сметаме дека Буџеотот треба под итно да се зголеми. Управниот одбор на Фоднот под итно да свика седница и да направи промена која што ќе важи од јануари годинава. Ова е во интерес на народот. Ако режимот е симнат, Буџетот треба да биде зголемен и пола од лековите кои што ние ги издаваме ги препишуваат специјалисти. Зачи не може само матичните да бидат казнети. Ни треба да покачуваме плати според одлуките на државата, а Буџетот од Фондот не е променет од времео на Беким Сали. Занете коклу министри се сменија од тогаш, прашува докторката.
Министерот за здравство одговорноста ја префрла на Фондот, а од таму не ни одговорија на прашањата кои им ги поставивме. Матичните лекари својот револт најавија дека ќе го изразат пред просториите на Фондот за здравство во среда во 12 часот.