Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис соопшти дека добил овластување од Белата куќа да ја употреби армијата за заштита на царинскиот и граничниот персонал на границата на САД со Мексико, доколку тоа биде потребно.

Тој нагласи дека ваквото овластвање би значело оти под одредени околности армијата би била искористена за времено задржување на мигрантите на границата.

– Тековно ќе ве информирам за секоја нова мисија или бројот на испратени војници на границата, рече Матис.

Во моментов на американско-мексиканската граница се распоредени 5.800 припадници на Вооружените сили на САД. чија задача првенствено е да поставуват жичени огради и други бариери долж граничната линија и да ги превезуваат граничарите.

Мексиканските власти во меѓувреме, приведоа вкупно 213 мигранти, по потекло од централноамериканските држави, кои се движеле кон САД како дел од т.н. мигрантски карван, соопшти Националниот институт за миграција на Мексико.Меѓу приведените има 186 државјани на Салвадор, 16 на Гватемала, 10 на Хондурас и еден на Гватемала.

Институтот информира дека сите приведени мигранти кои немаат валидни документи ќе бидат вратени во нивните матични држави.