Доколку редовно пиете чај од маточина, ќе го поправите својот апетит и ќе се ослободите од нервозата и главоболките поврзани од стресот и од депресија, како од повраќањето на нервнa база.
Маточина, лимон трева или пчеларка е иметот на оваа билка со одличен вкус и мирис. Таа се бере на пролет, пред или за време на цветањето, а се суши на топло месот или онаму кадешто има промаја. Не ја чувајте во метални садови.
Редовното пиење на чајот од маточина помага кај нервоза, треперење, губење апетит и главоболки. Купка од маточина исто така делува смирувачки, па се препорачува за оние кои патат од несоница.
Маточината е и одличен природен лек за јакнење на срцето и нормализацијата на работата на внатрешните органи, ублажување на ночните стравови и депресија. Одлична е и за подобрување на расположението.
Маточината е една од малобројните билки кои во исто време се лековити, убаво мирисаат, зачинска, ароматична и медоносна билка. Расте во близина на кошници со пчели, во градините и ливадите во шумите. Во парковите се одгледува како декоративна билка, а во градините како лековита билка. Цути од јуни до септември. За лек се берат листовите и тоа пред цутење, а целата билка додека цути. Се суши брзо и внимателно, под сенка.
Најважната состојка на маточината е етерското масло, кое се добива со дестилација со водената пареа на самата билка која е наберена во фаза на цутење. Убаво мириса, поради што се користи не само во фармацијата туку и во индустријата на парфемите и козметиката.