Патека „52“ (педесет и два) е името на новата патека во Скијачкиот центар Маврово, што ќе можат да ја користат љубителите на скијањето во новата сезона.
Со името се оддава чест на 52 загинати лица во снежната лавина која се случила во февруари 1956 година.
– Скијачкиот центар Маврово неодамна ги покани своите следбеници и пошироката јавност која користи социјални мрежи да предложат креативни имиња за патеката и повеќе од 500 следбеници на мрежите кои гласаа, за најдобро и најкреативно решение го одбраа „52“, соопштија од Скијачкиот центар Маврово.