Маж во бессознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговио идентитет.
-Вчера во 05.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, под надвозникот „Маџари“, на коловозната лента за излез од Скопје, лежело машко лице во бессознание. Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека станува збор за Д.Ј.(64) од Скопје- соопштуваат од МВР.
На местото не биле пронајдени траги од насилство. Се работи на расчистување на случајот.