Пожарникарите синоќа успеаја да го убедат мажот, кој се искачи речиси до врвот на Ајфеловата кула,  да го спуштат откако седеше со часови на повеќе од 270 метри.

Околу 2.500 посетители кулата беа евакуирани откако вчера попладне беше забележан човек како се качува на втор кат висок 115 метри.


Ајфеловата кула вчера беше евакуирана и затворена за посетителите.

На снимките кои се појави на социјалните мрежи, може да се види човек како виси помеѓу третиот и највисокиот дел од кулата. Спасувачот во црвено е над него. Не е познато како успеал да го помине обезбедувањето.

Портпаролката на париската полиција изјави дека тим на пожарникари бил на местото на настанот и бил во контакт со човекот. Засега не е познато што сака да постигне со овој чин.

Кулата е највисоката градба во Париз. Таа е висока 324 метри, приближно како зграда од 81 кат.