Истражувачи од Универзитетот Macquarie во Сиднеј, Австралија, открија дека жените најмногу ги привлекуваат мажи чиј телесен мирис е предизвикан од исхрана во која доминираат зеленчуци и овошје.
Исто така, тврдат дека внесувањето масти, месо и јајца е поврзано сопријатен мирис, додека диета богата со јагленохидрати поврзана е со поинтензивен и помалку пријатен телесен мирис.
„Мирисот е важна компонента, особено кај жените. Нашите истражувања покажаа дека на жените им се попривлечни мажи кои повеќе јаделе зеленчук и овошје, затоа што нивниот телесен мирис е пријатен“, вели авторот на студијата Јан Стефан.
За време на студијата научниците барале од мажите да ја снимаат својата храна, а потоа да учествуваат во две методи со кои се утврдуваат најугодните телесни мириси.
Во првиот тест користеле спектрофотометар за да го измерат интензитетот на бојата на кожата на мажите, затоа што кожата емитува нијанси на каротеноиди кога јадеме различен зеленчук. Потоа машките маици им ги давале на жени кои ги рангирале според мирисот.
Најдобро мирисале мажите кои најмногу јаделе овошје и зеленчук, оние кои јаделе месо биле средни, а најлошо мирисале оние чија исхрана се темелела на јагленохирдати.