Г. Куроки очајно се обидувал да ја извлече сопругата од депресија откако го изгубила видот. Тој успеал да го стори тоа со садење илјадници цвеќиња шибазакуа во градината, оние што неговата сопруга најмногу ги сака.
Тие биле во брак 30 години и имале големи планови со нивната фарма во Јапонија по пензионирањето. Но, се се свртело наопаку кога г-ѓа Куроки ослепела на 52-годишна возраст поради компликации со дијабетес.
Набргу паднала во депресија од која нејзиниот сопруг се обидувал да ја извади. Тогаш му дошла таа идеја, бидејќи многу луѓе се восхитувале на неговата мала градина исполнета со цвеќиња.
Мислел дека ако засади повеќе цвеќиња, посетителите ќе можат да ја извлечат неговата сопруга од грмушката во која се затворила. Дури и ако неговата сопруга не можела да го види неговиот напор, таа можела да го помириса.
Г. Куроки започнал да сади илјадници цвеќиња околу нивниот дом, што му одзело 2 години. После 10 години, нивниот дом стана вистинска туристичка атракција. За време на пролетта, околу 7.000 луѓе го посетуваат.
Што се однесува до г-ѓа Куроки, можете да ја видите како се шета низ цветното поле со сопругот, со голема насмевка на лицето.
Она што започна како убав гест од еден сопруг стана национална туристичка дестинација.