Поранешен пратеник во Собранието на руската република Јакутија, Александар Крилов, починал откако бил нападнат од мечка.
Трагически погиб экс-председатель «ОПОРЫ России» Александр Крылов: https://t.co/rfAgPR8C2u pic.twitter.com/B8PBvsfEy4
— ЯКУТИЯ.ИНФО (@YakutiaINFO) October 5, 2019
„Информациите споделени на социјалните мрежи, за жал, се потврдија. Телото на Александар Крилов со теренско возило е пренесено во селото Томтор“, рекол вршителот на должноста, началник на локалната полиција, Игор Водовозов.
Се појаснува дека денеска, во раните утрински часови, за време на лов со друштвото, Крилов застрелал мечка. Во моментот кога се приближил до пленот, друга мечка дотрчала и го нападнала нанесувајќи му смртоносни повреди.