Расте незадоволството кај здравствените здруженија и синдикатите. Велат дека не е потребно само ветување туку и реално поместување на висината на платите. Од Самостојниот синдикат за здравство велат дека нивното барање е пред покачувањето на платата да се пристапи кон усогласување на платите.

Реагираат и медицинските сестри-поради ниски плати секоја година има одлив на кадар. Велат дека нивните проблемите лежат во основите на Колективните договори.Треба да се добијат законските измени и да се платат дежурствата на медицинските сестри, бидејќи тие по Законот за здравствена заштита условно не работат во дежурствата, а практично работат во дежурства и платени се само за осумчасовна смена.

Од Синдикатот на Клинички вчера рекоа дека очекуваат до септември зголемување на платите или од септември не е исклучена и можноста за штрајк. Првиот синдикалец денеска за тв 24 вели дека се во постојан контакт со министерот за здравство и се надеваат на реализирање на нивите барања.

Според неофицијални извори, околу 200 лекари годишно ја напуштаат државава. Според Државниот завод за статистика во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, од кои 31% од лицата докторирале во здравството и социјалната заштита.