Медицинска сестра посвоила девојче по име Жизел, кое имало здравствени проблеми, бидејќи мајка и користела дрога за време на бременоста.
Лиз Смит е медицинска сестра и мајка. Таа секогаш сакала тоа и да биде, и се заинтересирала за медицината кога имала само шест години, а нејзината мајка ѝ дала „диплома”.
Лиз ја добила вистинска диплома во 1996 година, магистрирала во 2007 година и станала директорка на болницата за деца.
Првин не било многу важно да побрза да стане мајка, но како одминувале годините, и нејзината долгогодишна врска не успеала, таа сфатила дека има речиси 40 години, но се уште не го остварила сонот за мајчинството.
„Мојата дефиниција за семејството беше да се омажам во своите дваесетти години, да добијам деца и да имам големо семејство во какво што и пораснав“, вели таа. „Мислам дека многу жени можат да се поистоветат со мене кога станува збор за притисокот дека некои работи треба да ги направиме по одреден редослед “.
Но, кога нејзиниот живот не испаднал како што планирала, одлучила да ја разгледа можноста за вештачко оплодување со поддршка на нејзината сестра. Отпрвин изгледало како се да оди според планот па нејзините години не беа проблем.
Но, тогаш таа добила ужасна вест: не била подобна за вештачко оплодување. „Беше многу лошо кога ми беше одземена и таа опција”, вели Лиз.
Таа немала поим дека истиот ден кога ја примила лошата вест, всушност, ќе ја сретне својата идна ќерка.
Девојчето по име Жизел се родило предвреме и имало здравствени проблеми, бидејќи нејзината мајка користела дрога за време на бременоста.
Но, и покрај сите проблеми што ги имала Жизел, Лиз ја посетувала секој ден.
Таа дознала дека родителите на Жизел биле зависници и дека немаат право на неа.
„Ја посетував секој ден”, се сеќава Лиз. „Тоа беше мојата награда по долгиот работен ден”.
„Се сеќавам на некои ноќи кога таа беше прикачена на апарати, а во глава ќе ми пролеташе мисла дека ќе да ја изгубам. Мислите ми одеа натака, бидејќи тоа беше сè уште возможно, но ми беше мака при самата помисла на тоа
Не можете да сакате некој во одреден процент.
Мора да дадете се од себе”, вели Лиз.
Таа била совршен кандидат за старател на Жизел.
Mедицинска сестра значи дека може да и помогне на Жизел со медицински проблеми, а нејзината желба да има деца значела дека ќе биде одлична мајка.Иако на крајот ја посвоила, Лиз Смит првично се надевала дека Жизел ќе има можност да живее со своите биолошки родители. Некое време тоа се чинело како потенцијален развој на настаните, но набрзо Смит сфатила дека тоа не е вистинска опција.
„Кога добив повик дека нејзините родители немаат никакви права на неа, мислев дека ќе се чувствувам добро. Но, тоа беше многу тажен ден. Бев среќна, но бев тажна за нив. Јас добив, но тие загубија. Да се бориш со зависноста и да бидеш мајка се две неспоиви работи “.
Кога отишла на суд за официјално да ја посвои Жизел, судијата ја препознала нејзината несебичност и ѝ честитал.
„Кога влегувам во судницата, сите стануваат да ми искажат почит. Но, денеска јас станувам да ви покажам почит, Лиз, затоа што го заслужувате“, рекол судијата.
Лиз денес е пресреќна што ја има Жизел.