Една медицинска сестра од Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје е позитивна на коронавирусот, а 17 нејзини колеги, болничари и медицински сестри се во изолација.
-Работата на клиниката не е компромитирана и одделението функционира нормално. Нема доктори во изолација, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфренција.