Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, наводно, отпатувал во Москва во мисија за да помогне во посредувањето во конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесе ДПА.
Интернет страницата Политико, цитирајќи „извори запознаени со ова прашање“, објави дека Шредер, кој се смета за пријател на претседателот Владимир Путин, е во Москва за да се сретне со рускиот лидер, цитирајќи „извори запознаени со ова прашање“.
Владини извори во Берлин за ДПА изјавија дека германската Влада нема сознанија за посетата.
Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, пред една недела предложи Шредер да посредува меѓу Украина и Русија, опишувајќи го за таблоидот „Билд“ како „еден од ретките луѓе во Германија кој можеби сè уште има директна комуникација со Путин“.