Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска оцени дека Европа не признава оти заканата од нуклеарен конфликт достигна највисоко ниво.

Тој изјави дека Договорот за намалување на стратешкото оружје СТАРТ III, потпишан пред 15 години во Прага, не го намалил ризикот од нуклеарна војна поради дејствијата на САД и нивните сојузници.

„Заканата од нуклеарен конфликт достигна највисоко ниво, а администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп барем вербално го признава тоа, но европските лидери не. Напротив, тие уште еднаш почнаа да го разнишуваат својот слаб стратешки потенцијал“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој претходно изјави дека нуклеарното разоружување во светот во следната деценија не е можно дури и со целосен прекин на конфликтот во Украина. Тој, исто така, изрази уверување дека во иднина ќе се зголемува бројот на земји со нуклеарни арсенали и дека во светот ќе продолжи создавањето на нови, поуништувачки видови оружје.