Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за „РИА новости“ изјави дека од почетокот на годината Русија регрутирала над 80.000 луѓе.
– Покрај редовните војници по договор, моментално регрутираме војници за беспилотни летала. Ова е нова тема, но исклучително важна. Од почетокот на 2026 година, повеќе од 80.000 луѓе потпишале договори за воена служба. Оваа бројка ги вклучува и волонтерите. Ова претставува значително зголемување на бројот на припадници на вооружените сили, кои не само што потпишале договори, туку и пристигнале на своите места на служба. Во овој момент нема потреба да се прогласува нов бран на мобилизација, истакна Медведев.
Русија минатата година регрутираше повеќе од 400.000 доброволци односно војници по договор.
Медведев наведе и дека набавките за одбрана се одвиваат „по утврден план“, одобрен од претседателот Владимир Путин.
– Успеавме да постигнеме многу високи стапки на производство на широк спектар на оружје, воена опрема и средства за уништување. Инаку, едноставно не би можеле да се бориме, бидејќи целиот западен свет се бори на страната на нашиот непријател, а ние самите снабдуваме сè. Значи, во овој поглед, тие не треба да се грижат. Нашето оружје е во добра состојба и доколку е потребно, ќе го употребиме, наведе Медведев.




