Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повика да бидат убиени вооружените лица и сите други вклучени во масакрот во петокот во близина на Москва.

Масакрот предизвика дискусии меѓу сојузниците на Владимир Путин за повторно воведување на смртната казна, која беше укината во Русија во 1996 година, пишува Sky News.

„Сите ме прашуваат што да се прави? Тие се фатени. Дали треба да бидат убиени? Мора. И ќе бидат. Но, многу поважно е да се убијат сите вклучени. Сите. Кој платил, кој сочувствувал, кој помогнал. Убијте ги сите“, напиша Медведев во објавата на Телеграм.

Смртната казна е легална во Русија, но ниту една егзекуција не е извршена од 1996 година.