Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ризикуваат отворена војна меѓу Москва и НАТО.

„Макрон и Стармер си играат глупости“, рече Медведев во неделата навечер на мрежата „Икс“, „Ние многупати им кажавме дека мировниците не можат да бидат од земјите на НАТО, а тие велат не, ќе испратиме десетици илјади.

„Да бидам отворен: сакате да им дадете воена помош на неонацистите во Киев. Тоа значи војна со НАТО. Консултирајте се со Трамп, олоши“.

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да го запре руско-украинскиот конфликт за тој да не ескалира во Трета светска војна.

Русија постојано ја опишува како целосно неприфатлива идејата за распоредување трупи од која било земја членка на НАТО за патролирање на евентуален прекин на огнот во Украина, дури и ако таа мисија не е под команда на НАТО, пренесува RT Balkan.