Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Москва мора да избере нестандардни цели за нејзините напади врз Украина.
„Мораме да избереме нестандардни цели за нашите напади. Не само магацини, енергетски центри и нафтени бази. Има и други места каде што сеуште не не очекуваат. И каде ефектот ќе биде многу значаен“, објави Медведев на „Телеграм“.
Тој тврди дека Украина избрала мирни, цивилни цели за своите напади врз Русија, бидејќи не успеала да постигне успех за време на контраофанзивата, која започна минатиот месец.
„Тоа значи дека се неопходни победи. Затоа, прифатливи се и напади врз цивилни цели“, рече Медведев.