Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денешните разговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон ги нарече „жесток ќотек во Овалната соба“.
„Тешко тепање во Овалната соба“, напиша Медведев, коментирајќи ја средбата на Зеленски со Трамп на неговиот канал Телеграм, пренесе РИА Новости.
Зеленски денеска пристигна во Вашингтон за да потпише договор за природните ресурси на Украина, вклучително и за ретките метали, но Трамп остро го прекори на средбата и му постави ултиматум дека доколку Киев не се согласи со договорот, тој ќе остане без поддршката од Вашингтон.
По вербална расправија, Трамп побарал Зеленски да си замине, а заедничката прес-конференција, ручекот и потпишувањето на договорот биле откажани, објави Фокс њуз.