Во емисијата „10 МИНУТИ“ на ТВ21, првиот вицепремиер Изет Меџити за балансерот вели „во формирањето на новата Влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата“.
-Без разлика на тоа како балансерот е прикажан во системот. Доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека балансерот е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, вели Меџити и додаде:
„Прво, во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци. Второ, Албанците не губат со укинувањето на балансерот, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања.
Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот“.