Бујар Османи, колку што знам, се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски, рече денеска пвиот вицепремиер и кандидат на Вреди за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, одговарајќи на новинарско прашање.
– Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој, да го даде одговорот за Александар Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми – рече Меџити.
Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија, додаде тој.
– Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните 4 години за Чаир – нагласи Меџити.