Првиот вицепремиер Изет Меџити, пред одржувањето на состанокот на коалицијата ВРЕДИ, истакна дека Арбен Фетаи ќе остане заменик претседател на Владата за добро управување, додека од коалицијата ВРЕДИ за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу, пренесува ТВ21.
„Во претседателството на ВРЕДИ беше усвоено Арбен Фетаи да остане заменик-претседател на Владата за добро управување, а за министер за здравство да се предложи Азир Алиу. За другите позиции ќе се одлучува во наредните денови“, изјави Изет Меџити – прв вицепремиер.