Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити остварил специјална средба со младите кои за првпат ќе гласаат на локалните избори закажани за 19 октомври.

-Имав многу посебна средба со младите кои за првпат ќе гласаат на овие избори. Млади исполнети со енергија, соништa и идеи за иднината. Тие се тие што ќе ја градат иднината на земјата, но наша должност е да им го отвориме патот, нагласил Меџити.

Тој потенцираше дека приоритет на неговата програма е создавање можности за младите, од современо образование до поддршка на иновации и спортски активности.

Во таа насока, Меџити потсетил на конкретните проекти што веќе се во процес, како што е изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, со достојни услови за секој студент, според стандардите на европските универзитети.

-Работиме младите да имаат простор да учат, да создаваат и да ги развиваат своите идеи. Го градиме модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза”, со достојни услови за секој студент, за нашите млади да се образуваат и професионализираат според европски стандарди. Ќе ги поддржиме стартапите на младите, ќе финансираме културни и иновативни програми, каде што младите ќе бидат актери, а не само гледачи. Градиме спортски сали, базени и простории за младински активности, затоа што сакаме здравa, активнa и вклученa генерација, посочил тој.

Меџити ја нагласил и поддршката за локалните спортски клубови, со цел страста и талентот на младите да се претворат во успех и гордост.

-Ова е нашиот пат – да ѝ го дадеме на младината местото што го заслужува, затоа што таму каде што младите имаат можности, таму започнува развојот, таму се раѓа победата, нагласил Меџити.

Фото: Изборен штаб на Изет Меџити