Можеби сме ја изгубиле битката внатре ДУИ, но не и војната, изјави екс потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој се одвои од партијата и формира ново политичко движење. Во летното издание на Клик на ТВ 21, раскажа дека повеќе од 8 месеци не комуницирал со лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Не комуницирал, ниту сум комуницирал, ги знаеме одговорите. Многу пати сме дебатирале, се обидов, го молев до небо да не дојдеме до оваа ситуација и сега дебатата е исцрпена, немаме за што да дебатираме во врска со оваа ситуација“, вели Изет Меџити.
Меџити им се заблагодари на Беџети и Џафери и им посака среќа со фракцијата, иако не верува дека Ахмети ќе им дозволи да делуваат во таа форма.
„Овој пат го чекоревме заедно досега и сакам јавно да им се заблагодарам, но во последно време сме имале разлики за тоа како понатаму“, порача Изет Меџити.
Основачот на новото политичко движење имал средби со лидерите на опозициските партии, Билал Касами и Африм Гаши. Со нив, како што вели, разговарал за формирање на силен политички опозициски фронт и добил поддршка. Потсети дека и претседателот на АА, Арбен Таравари му е стар пријател и дека и тој не е задоволен од Владата, независно на тоа дека е дел од извршната власт.
„Како што ние почнавме внатре ДУИ и тие внатре Владата критикуваат за одредени феномени, за политички ситуации, но е внатрешно прашање на Алијаса како се позиционира“, додаде Изет Меџити.
Инаку, новото движење брои тројца пратеници, вклучувајќи го и Кастриот Реџепи, кој неговото вклучување во ова движење го најави пред два дена во ТВ21.
„Мнозинството се бори за опстанок. Колку пратеници има, имајќи ги предвид незадоволствата внатре мнозинството, не ме зачудува следните денови или месеци да имаат проблем и со 61 пратеника“, вели Изет Меџити.
Како го коментира Меџити провокацијата на Артан Груби со песната?
„Тоа се ниски провокации, ќе оставиме времето да докаже кој е во право“, порача Изет Меџити.
Меџити во Summer Click рече дека одлуката за формирање на партија доаѓа откако ДУИ не ја прифати ниту „креативната форма“ на таканаречената „Огнена Група“ – фракција во ДУИ.