Лидерот на Демократското движење Изет Меџити денеска во изјава за медиумите порача дека од ДУИ сите бегале како од корона.
– Од ДУИ бега и ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ бега и Максим Димитриевски, не сака Влада со нив, порача Меџити.
Тој вели дека иако од партијата „рипале со изјави сепак не сакаат ништо друго само да бидат со ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години“.
Во однос на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека има партии од турска, бошњачка и други етнички заедници, а за да биде цела сликата му треба и албански партнер.
Видеото може да го отворите ТУКА.